Вести Најважни Свет

Трамп порачал дека никогаш нема да и помогне на ЕУ ако биде нападната – загриженост во Брисел

Еден од највисоките европски службеници тврди дека поранешниот американски претседател Доналд Трамп приватно предупредил дека САД нема да и помогне на Европската Унија доколку биде нападната.

„Мора да сфатите дека во случај Европа да биде нападната, ние никогаш нема да дојдеме да ви помогнеме и да ве поддржиме“, рекол, наводно, Трамп на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен за време на Светскиот економски форум во Давос во 2020 година.

Францускиот европски комесар, Тиери Бретон кој, исто така, бил присутен на состанокот рече дека Трамп додал оти „НАТО е мртов, а ние ќе заминеме, ќе го напуштиме НАТО“.

Бретон, како што пренесува „Политико“, раскажа дека на истиот состанок Трамп рекол оти Германците должат 400 милијарди долари, бидејќи не платиле она што морале „да платат за одбрана“.

Можноста за враќање на Донал Трамп на власт внесува сериозен немир во Европската Унија која оваа година, исто така, ја очекуваат избори.

„Тоа беше голем повик за будење и тој можеби ќе се врати“, рече Бретон за Трамп.

„Сега, повеќе од било кога, знаеме дека сме препуштени на самите себе. Ние сме членка на НАТО, речиси сите, секако имаме и сојузници, но немаме други опции освен драстично да го зголемиме столбот за да бидеме подготвени што и да се случи“, додаде Бретон кој од почетокот на војната меѓу Украина и Русија, повикува на засилување на одбраната на Европа, а во вторникот претстави и фонд од 100 милијарди евра за зголемување на производството на оружје во блокот.   

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе