Вести Македонија Топ вести

ЛДП со инцијатива за смена на градоначалничката Арсовска преку референдум

Ќе добијат ли скопјани и трето ливче на изборите во мај идната година?

ЛДП покренаа иницијатива за собирање потписи со цел, преку референдум да ја сменат градоначалничката Данела Арсовска. Потребни им се околу 46.000 потписи од граѓани, односно  10% од вкупниот број гласачи во Град Скопје, а идејата им е референдумот да се одржи заедно со изборите во мај идната година.Начинот на собирање ќе го утврдува партискиот Централен одбор, веќе во понеделник. Освен референдум, ЛДП ќе иницираат и промена на Законот за локална самоуправа, кој до 1996 година нудел можност за отповикување на градоначалник. По измените од 2002 година,  градоначалник може да биде сменет само ако е фатен во вршење на кривично дело.

За Арсовска, ова е крајно несериозна иницијатива.

„Несериозно е да коментирам изјави на сателит партии, особено на партија од чии редови произлегуваат кадри кои никој не ги препознава во политиката, па на овој начин се обидуваат да се профилираат. Иницијативата е крајно несериозна и укажува на основни непознавања од страна на пратеник, кој би требало да знае дека, законите немаат ретроактивна примена, а кога веќе измислуваат иницијативи, нека ги покренат и за пајтон пратениците кои менуваат дрес согласно моменталните прилики од лукративна природа.„ реагираше Арсовска. 

Иницијативата следи откако новогодишното украсување на градот, особено елката, стана цел на потсмев и во регионот. Арсовска кажа дека украсувањето чини 30.000 евра, што е десетпати поевтино од претходните години, но не и дали имало ангажирано фирма и зошто не  е распишан тендер, бидејќи законот предвидува дека е обврзана да го стори тоа за набавка над 1.000 евра.

За ова се огласија и од обвинителството, со став дека,  доколку Управата за финансиска полиција, која  е надлежна да ги испита наводите за тоа каде завршиле парите од градската каса не го стори тоа, тие ќе оформат предмет и ќе ги извршат проверките.

Далиборка Демјанска Цветановска

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе