Вести Македонија Топ вести

Гир очекува спроведување на 40-те препораки на оценската мисија: Судството е во критична точка

Критериуми за тоа кој може да биде член на судскиот совет, дефинирање на поимот истакната правник, но и јасни процедури за разрешување на член и на претседател на судски совет. На ова се однесуваат дел од 40-те препораки во извештајот на оценската мисија на Европската Унија (ЕУ), соопшти евроамбасадорот Дејвид Гир на брифинг со новинарите.

По двете посети во земјава, средби разговори и анализи, експертите предводени од хрватскиот врховен судија Бранко Хрватин заклучиле дека проблемите во судскиот совет се акумулирани низ годините, без да се решаваат навремено и, освен во законскиот дел, недостатици има и во добри практики.

Извештјот со конкретните препораки нема да биде објавен, но надлежните веќе го добиле и се очекува од нив да почне имплементирањето.

Судството е дојдено до критична точка и потребно е да има итна акција, рече евроамбасадорот Гир, според кого извештајот има силни препораки, но за нивна имплементација неопходна е политичка волја. Очекува спроведувањето на овој извештај да биде меѓу топ приоритетите и на идните влади. Потенцираше и дека реформите во судството не можат да се заобиколат за влез во ЕУ

За 17 од 40-те препораки не се потребни измени на легислативата и ги посочи дека дел од нив може веднаш да почнат да се спроведуваат во судскиот совет. За останатите, потребни се или законски или измени на уставот.

Конкретни мерки експертите предложиле во делот на транспарентноста и комуницирањето со јавноста и ресурсите и финансиската автономија на советот, околу унапредување на судиите. Се препорачува и скратување на мандатот од шест години на членовите, затоа што конкретно оние што доаѓаат од редот на судиите кои подолго време се оддалечуваат од работата во судовите. Меѓу препораките е и разгледување на улогата на министерот за правда и на претседателот на Врховниот суд како членови по функција..

Оценската мисија ЕУ ја испратени по скандалите и превирањата во Судски со разрешувањето на експретседателката Дамева, но во извештајот на ЕК, состојбата во судски се анализира од оставката на нејзината претходничка Црвенковска која обвини за влијание од судско бизнис елита.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума награден на фестивалот во Ерусалим, а ќе има европска премиера во Сараево

Дејан Дејан

Народната банка ја задржа основната каматна стапка на 4,25%

Kristina Kuzmanovski

Мицкоски најави можно поевтинување на горивата следната недела

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе