Вести Најважни Свет

Советот за безбедност на ОН донесе резолуција за хуманитарна пауза во Газа- За Израел резолуцијата е „исклучена од реалноста“

Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за усвојување на нацрт-резолуцијата од Малта со која се повикува на хуманитарна пауза во борбите во Газа и поголеми напори за да се дозволи хуманитарната помош да стигне до регионот погоден од војна. За резолуцијата гласаа 12 земји, а воздржани беа САД, Русија и Обединетото Кралство. Без спротивставени гласови, претседателот на Советот за безбедност, Џанг Џун, објави дека резолуцијата е усвоена.

За Израел резолуцијата на Советот за безбедност на ОН е „исклучена од реалноста“

Амбасадорот на Израел во ОН ја отфрли резолуцијата на Советот за безбедност која повикува на хуманитарни паузи и ја нарече „исклучена од реалноста“ и „бесмислена“. Тој истакна дека без оглед на тоа што ќе одлучи Советот, Израел ќе продолжи да дејствува според меѓународното право.

Вели дека терористите на Хамас воопшто нема ни да ја читаат резолуцијата, а камоли да ја почитуваат.

Жално е што Советот продолжува да го игнорира, да не го осудува, па дури и да не го споменува масакрот што Хамас го изврши на 7 октомври, што доведе до војната во Газа. Навистина е срамота“, вели во својот коментар на мрежата Икс амбасадорот Гилад Ердан.

 Десетици бебиња меѓу пациентите кои останаа во најголемата болница во Појасот Газа]

Десетици предвремено родените бебиња во болницата Ал Шифа во Газа се префрлени на друго одделение, бидејќи инкубаторите во кои биле сместени престанале да работат поради недостиг на струја.

Сега тие се меѓу пациентите кои останаа во најголемата болница во Газа додека израелските сили ја продолжуваат својата рација во големиот комплекс Шифа. Израелската армија остана на теренот, со тенкови стационирани надвор и снајперисти на околните згради.

Израелската армија тврди дека милитантната група Хамас користи болници како скривалиште за своите борци и го поставила својот главен команден центар во и под болницата Шифа, најголемата на опколената територија. И персоналот на Хамас и болницата Шифа ги негираат израелските наводи. Претходно израелската војска соопшти дека спроведува „прецизна и насочена операција против Хамас во одредена област во болницата“, додавајќи дека таа е одвоена од местото каде што се наоѓаат пациентите и медицинскиот персонал.

Израелската војска тврди пронашла оружје на Хамас во болницата Ал Шифа во Газа

Израелската војска објави видео снимка на која како што тврди се гледа оружјето и воената опрема на Хамас што ги откриле во болницата Ал Шифа во Газа. На снимката може да се видат неколку автоматски пушки, муниција, гранати, заштитни елеци и друга опрема.

Здравствените власти на Хамас и Газа пак негираат дека милитантите дејствуваат во болницата. Палестинците и групите за човекови права велат дека Израел несовесно ги загрозил цивилите додека се обидува да го искорени Хамас.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски во посета на штабот на Вреди – со Таравари разговарале за агенда и принципи за можно коалицирање

Дејан Дејан

Бегалците од кондовската група упасени во Урошевац имаат и косовски пасоши?

Дејан Дејан

Ахмети: Дадовме заклетва дека оваа земја има свое место во ЕУ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе