Вести Најважни Свет

Израелската армија влезе во болницата Ал Шифа во Газа – ги повикаа сите терористи на Хамас во болницата да се предадат

Израелските сили влегоа во дел од болницата Ал-Шифа во Појасот Газа. Врз основа на разузнавачките податоци, војниците „спроведоа прецизна и целна операција против Хамас во одредена област на болницата Шифа“, соопшти израелската армија на платформата Х.

„Ги повикуваме сите терористи на Хамс присутни во болницата да се предадат“, соопшти армијата.

Според извештај во медиумите, вооружените сили на Израел ги предупредиле властите во Појасот Газа за операцијата. Војската стапила во контакт со палестински здравствен службеник и информирала за претстојниот напад, изјави за телевизискиот канал Ал Џазира портпарол на Министерството за здравство, кое е под контрола на милитантниот исламистички Хамас.

Од здравствените власти во Појасот Газа изутринава доаѓаат информации дека израелските сили влегле во подрумот на болницата Ал-Шифа. „Окупаторската армија сега е во подрумот на комплексот Ал-Шифа и врши претрес. Тие се во внатрешноста на комплексот, пукаат и фрлаат експлозив“, изјави портпаролот на здравствените власти, кои се под контрола на Хамас, Ашраф ал-Кидра.

Раководителот болниците во Појасот Газа, Мохамед Закут, за Ал Џазира изјави дека израелската армија прво ги нападнала одделот за хирургија и за итна помош. Ваквите информации немаат потврда од независни извори.

Канцеларијата за медиуми на владата на Хамас издаде соопштение во кое го нарече нападот на Израел врз болницата Ал-Шифа во Газа „воено злосторство“, „морално злосторство“ и „злосторство против човештвото“.

Се наведува дека 9.000 пациенти, медицински персонал и раселени цивили биле во болницата кога рацијата се случила под закрила на ноќта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

40 дена притвор за Беким Красниќи, уапсен на Косово

Дејан Дејан

Скопјанец загина во сообраќајка на експресниот пат Штип-Кочани, жена му и двете деца се повредени

Дејан Дејан

Хозе Раул Мулино избран за претседател во Панама

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе