Балкан Вести

Следен од примерот на Коста Кецмановиќ, Матеј го уби својот соученик Павлос

Во германскиот град Офенбург се случило убиство следено од примерот на Коста Кечмановиќ. Петнаесетгодишниот Матеј З. Пред три дена го уби својот соученик Павлос во нивното училиште.

Земајќи го пиштолот од дедо му Матеј-по потекло од Косово како што велат тамошните медиуми, утрото од заклучен плакар го извадил пиштолот на дедо му и отишол во училиште.

-Да, оружјето е од нашата куќа, за што сите сме одговорни, но пиштолот бил под клуч-рече мајката на Матеја, но и додаде дека тој никогаш претходно немал врска со оружје. Таа не го знае мотивот на злосторството кое го извршил нејзиниот син.

Првичниот план бил да го запали Павлос, но запалката не палела. Материјата била пронајдена по претресот на полицијата, додека неговата мајка( 42 ) изјавила дека единственото масло кое го поседувале дома било она за загревање.

-Неодамна имаше пукање во училиште во Србија и тој ги следеше вестите. Тој, исто така, ги гледаше тие хорор сцени на TikTok. Пред два месеци ми кажа дека видел на ТикТок како 14-годишник уби врсник во Лора поради долг од 60 евра – се присетува мајката.

-Од почетокот на учебната година беше прилично таинствен, речиси и не зборуваше. Сигурно нешто се случило на училиште. Дали има некаква уцена, некаков потсмев? Сето тоа се шпекулации – рекла мајката на Матеја и додала дека Павлос никогаш не му бил пријател.

– Не знам како ќе се справи со сето ова. Жал ми е за момчето и неговото семејство. Матеја е моето единствено дете.

Полицијата пак, наведува дека мотивот на ова дело може да е произлезен од љубомора или врсничко насилство.

Матеј нема да може да биде посетен од неговото семејство се до 22 ноември.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе