Вести Македонија Најважни

Таткото на бебето негира дека мајката имала бактерија и прашува како се случи здраво бебе да добие сепса

Ешерихија коли или фекална бактерија е изолирана кај бебето родено во болницата во Прилеп, кое почина од сепса на клиниката за Детски болести во Скопје. Докторката Аспасија Софијанова рече дека бебето на Клиника  било примено во тешка здравствена состојба, и не ја исклучи можноста сепсата да била предизвикана од вагинална инфекција кај мајката, поради што требаше веднаш да биде на антибиотска терапија.

  • Ова е бактериемија, само чекаме да видиме од што е предизвикана, затоа што бакетриемија е рамна на сепса, што е исклучително загрозувачка состојба. Детето требало да се стави на антибиотска терапија веднаш, во првите 48 часа, за а да се спречи на брзото расевање на евентуален инфект, кое децата најчесто го аспирираат од мајката односно од околуплодовата вода, рече проф др Аспасија  Софијанова во Утринска на Телма.

Родителите   и денеска изразија сомнеж за направени  пропусти  на лекарите при третманот  на нивното новороденче во болницата во Прилеп. Таткото Славко Петровиќ во порака  што ја упати до  Телма,  тврди дека сите анализи кај неговата сопруга биле уредни  и се прашува како се случи здраво родно бебе да добие сепса

  • Мајката немаше никаква бактерија и требаше да се породи со царски рез. Сите испитувања беа добри. Докторката одлучи сабајлето кога е примена на 27 октомври да ја породи по природен пат. Ние мислиме дека од болницата во Прилеп лажат. Како може дете кое требаше да биде отпуштено од болница да добие сепса?,  напиша во порака до Телма, таткото на починатото бебе Славко Петровиќ.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат потврдија дека е веќе издаден налог за вонреден инспекциски надзор на Детската клиника во Скопје и Во Болницата во Прилеп, кој го иницираше министерот за здравство Меџити.

  • Денес иницирав како министер Државниот санитарен инспекторат да изврши надзор, а истото така таму да оди и стручна комисија. Од сега нема да има сомнеж за ниту еден случај, се ќе решиме до крај како што треба, изјави министерот за здравство Фамир Меџити.

Прва за случајот проговори мајката на починатото новороденче, која обвини за лекарска негрижа  и на  социјалните мрежи ја опша целата голгота од породувањето до  смртта на бебето  кое имаше највисока оценка во родилиштето во Прилеп, а 10 дена по раѓањето  почина од сепса  на Клиниката за детски болести во Скопје

Емилија Мисирлиевски

https://youtu.be/eleIVm_jmng

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Мицкоски: По прегласувањето во ИЕ 5 очекуваме обезбедување двотретинско мнозинство

Дејан Дејан

Исчезна хеликоптерот со кој летал иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе