Вести Најважни Свет

СЗО: Болницата Ал-Шифа не функционира како болница – горивото кое го нуди Израел е доволно за половина час струја

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека болницата Ал-Шифа во градот Газа „повеќе не функционира како болница“.

Според шефот на СЗО, Тедрос Аданом, во областа околу болницата има „постојани пукотници и бомбашки напади“, што ги „влоши веќе критичните околности“.

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, вели дека повеќе од 2.000 луѓе се наоѓаат во Ал-Шифа, вклучувајќи пациенти, медицински персонал и раселени луѓе.

Израелската војска повтори дека е „подготвена да помогне“ во евакуацијата на десетици бебиња од болницата – но негира дека ја погодиле болницата за време на борбите со Хамас.

Лекарите во Ал-Шифа велат дека стравуваат дека преостанатите 36 новородени бебиња на кои им е потребен третман на интензивна нега може да умрат, додека хуманитарната организација Медицинска помош за Палестинците вели дека без амбулантни возила, потребната опрема или болница за префрлање на предвремено родените бебиња, „нема индикации како ова може да се изведе безбедно“.

Израел понуди да достави 300 литри гориво за болницата Ал-Шифа, што според шефот на хирургија во болницата е доволно само за половина час струја.

„300 литри не значат ништо. Тоа е доволно само за половина час работа на нашиот генератор“, изјави д-р Абу Сада. Тој додава дека Ал – Шифа обично користи 24.000 литри гориво дневно за да се подигнат генераторите.

„Дури и само со еден генератор кој работи, на болницата и се потребни 9.000-10.000 литри“, вели докторот. Додава дека болничката единица на интензивна нега и хируршкиот оддел сега работат целосно на соларна енергија.

Во изминативе 30 дена, работниците на Ал-Шифа мораа да ископаат четири масовни гробници за непознати пациенти, додека уште 100 мртви тела во моментов лежат на отворено пред одделот за итна помош.

„Ова е извор на епидемија и зарази“, рече докторот, па додава „Ова е катастрофа“.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ОДИХР: Компетитивни и мирни избори, но полни со националистичка реторика и етнички поделби

Дејан Дејан

Голем протест во Шведска, Израел не посакуван на евровизија , меѓу демонстрантите и Грета Тунберг

Дејан Дејан

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе