Вести Македонија Најважни

Личен став на Милошоски е дека екс министерот Филипче ја носи политичката одговорност за скандалот на Онкологија

Дали има одговорност за скандалот на Клиниката за Онкологија кај екс министерот Венко Филипче е причината поради која се подигна тензијата меѓу членовите на собраниската Анкетна комисија на денешната седница.

Членот на Анкетната комисија, пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски кажа дека негов личен став е дека политичката одговорност за скандалот на Онкологија е кај екс министерот Венко Филипче, бидејќи не вршел контрола на Клиниката, иако тоа му го налагале законските прописи. Милошоски се повика на изјавите на екс директорот на Клиниката, Нино Васев кој пред комисијата тврдеше дека за состојбата редовно го информирал министерот Филипче.

За пратеникот од СДСМ, Ненад Коциќ, Милошоски носи суд и заклучоци на своја рака и со тоа ја заобиколува Комисијата која е единствено надлежна да донесе официјален заклучок.

Анкетната Комисија заврши со сослушување на над 60 сведоци предложени од политичките партии и во наредните 30 дена треба да ја анализираат собраната документација од надлежните институции и стенограмите од исказите на сослушаните сведоци.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД: Хамас на маса има исклучително великодушна понуда од Израел

Дејан Дејан

Отстранувањето на експлозивните направи во Газа ќе трае 14 години, пресметале ООН

Дејан Дејан

Маж со мачета нападнал луѓе во североисточен Лондон

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе