Вести Македонија Топ вести

Австриската министерка Едштадлер ја повика ЕУ да одржи меѓувладини конференции со Македонија и со Албанија на почетокот на 2024 година

Австриската министерка Каролине Едштадлер ја повика Европската унија (ЕУ да преземе чекори кон Западен Балкан пред објавување на извештаите за напредокот на земјите што е закажано за утре во Брисел.

Едштадлер на социјалната мрежа Икс пишува дека Унијата треба да преземе пет чекори, меѓу кои и одржување на меѓувладини конференции со Македонија и Албанија во почетокот на идната година. Пишува и дека треба да се отворат преговори со Босна и Херцеговина до крајот на годинава, со Црна Гора да се постигне конкретен напредок пред европските избори и напредок во преговорите со Србија и процесирање на апликацијата за членство на Косово до европските избори.

Императив за ЕУ, ако сака да ја преземе водечката улога, е сите членки на Унијата да го признаат Косово. Едштадлер бара и Унијата да даде конкретни датуми за секоја од шесте земји кога ќе се формира новата европска комисија.

Таа бара и проширувањето на Западен Балкан да не се одлага, а ниту еден од овие чекори не би ги поштедило земјите од исполнување на критериумите пред евентуално членство во Унијата.

„Во оваа фаза, ЕУ треба да преземе чекор и да обезбеди доказ дека сме сериозни за европската иднина на регионот“, пишува Едштадлер на социјалната мрежа Икс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе