Вести Македонија Топ вести

Опожарено возило на напаѓачот на Штекли пронајдено кај село Бојане?

Запалено возило е пронајдено  на стариот пат за селото Бојане, минатиот вторник, за кое полицијата се сомнева дека е искористено за бегството на егзекуторот кој го застрела Раде Трајковски – Штекли во Ист Гејт Мол, дознава Телма од истрагата за случајот. Возилото од марката Ауди А4 било пронајдено во саботата вечер, целосно опожарено, паркирано без возач и на лице место.  Регистарските таблици биле со ознаката на градот Тетово. По извршените проверки, како што велат од истрагата за Телма, констатирано е дека регистарските таблици се од друго возило.

Селото Бојане се наоѓа на периферијата на Скопје и на патот кон Тетово и спаѓа под општина Сарај.

Нападот врз Штекли се случи на 24 октомври околу 15 часот. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се работи за пресметка на кланови.

Штекли во меѓувреме беше пуштен на домашно лекување. Ова беше втор обид за негова ликвидација на истото место, во трговскиот центар Ист Гејт Мол. Во нападот посериозно беше повреден и Димитар Трајчов викан Колумбо, кој се  уште е на интензивна нега на Клиниката за хируршки болести, но е изваден од респиратор и  дише самостојно и полека се опоравува.

Штекли

На социјалните мрежи вчера осамна и фотографија од Штекли за време на неговото лекување. На фотографијата може да се видат преврските во пределот на неговиот граден кош по здобиените повреди од нападот. Кон Штекли по нападот беа упатени и нови закани на социјалната мрежа ТикТок.

Според потврдени информации на КОД на Телма, по нападот врз Штекли, егзекуторот излегол од трговскиот центар, поминал низ подвозникот кај хотел „Континентал“ и на булеварот во близина на општина Газибаба се качил во црно ауди без регистрации, по што му се губи трага.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе