Вести Македонија Најважни

Скопската железничка станица со амбиент како од филм на Хичкок, во лоша состојба и возовите и пругите, но никој ништо не презема

….Брзаме за возот со внуците, има радост голема, да видат што е воз зошто разбравме дека овој воз се укинува и ова не е убаво,….

На станицата во Битола тетка Лефка ги донела своите внуци да го видат возот кој од среда битолчани повеќе нема да можат да го користат за да дојдат во Скопје. На железничката станица во Битола денеска раздвижено. Битолчани ја користат последната шанска во пристојно време да дојдат во главниот град.

Од задутре единствениот воз кој ќе им биде на располагање е во три часот по полноќ. Ако го прошуштат, во текот на денот ќе немаат друга прилика за да патуваат.

Телма направи обиколка и на станицата во Скопје. „Пустош“ е зборот кој може да се употреби за сликата која ја затекнавме. Чекалните и ходниците празни, возови нема, условоите лоши.

Единстевните луѓе беа вработената на шалтерот, двајца странци кои не знаејќи во каква состојба е македонската железница, се распрашуваат кога има воз до Белград, или Софија, и полицискиот службенико кој нѐ пречека.

Патувањето е неизвесно, а состојбата никогаш не била полоша. Ова се само дел од коментарите на граѓаните кои ги анкетиравме. Желба да патуваат со воз имаат, но не се осудуваат да се качат, затоа што се плашат од она што може да им се случи по пат.

Бројките говорат дека обемот на работа и бројот на патници континуирано опаѓа, а МЖ Транспорт постјано е на врвот на листата на должници.

Меѓународните линии одамна ги нема, а оние во земјава една по една се укинуваат. По, возот од Скопје за Кичево и Кочани, вчера МЖ Транспорт, без никакво образложение, соопшти дека од среда  укинуваат две линии и до Битола.

Според, последните информации тоа се прави поради лошатата состојба на дизел моторните гарнитури.

Освен патниците, проблеми со железница има и бизнисот. Бараат либерализаиција на пазарот за да можат да работат. Од Министерство за транспорт пак, тврдат постапката за либерализација на железничкиот транспорт е почната, законот уште во јуни е доставен во Собрание, но не знаат од кои причини е заглавен во Комисијата.

Апелираат до пратениците што поскоро да се најде на дневен ред.  Државата пак повторно со нови 15 милиони евра, ќе ја крпи дупката во МЖ Транспорт, кој постојано е на врвот на листата на должници. Овој пат со парите ќе се враќаат долгови кон ЕСМ.

Со толку средства пак Србија направи нова железничка станица во Белград. А сега од таму властите во земјава чекаат и донација на вагони.

Во МЖ Транспорт досега се сменија неколку директори, но конечно решение на проблемите нема. Дупките постојано се крпат со дотур на пари од буџетот. Според, информациите годишно таму се префрлаат од 12 до 15 милиони евра, за железницата да може да преживува.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Туфегџиќ во „Топ тема“: Завршена е истрагата за таткото на Вања

Дејан Дејан

Прифатени нерегуларностите на изборите за гласачки места во Крушево и Долнени, се одлучува по останатите

Дејан Дејан

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе