Вести Економија Најважни

Чајот, лутеницата,бебешката храна и цвеклото остануваат со ддв 5%, но поскапуваат дел од витамините и суплементите, а од петок поскапуваат и цигарите

Цвеклото, лутеницата, бебешката храна, чаевите, урдата, видови кашкавал, наполитанките наместо со 10 ќе бидат со 5 отсто ДДВ. Владата повлече неколку производи од  луксузната листа на продукти кои добија повисок данок и ги стави на списокот прехрамбени производи со повластена ставка. Како лускзуни остануваат апетисаните, компирот, мастики, чипсовите, тропското овошје, видови зачини, но други. А, повисоко ДДВ ќе добијат и поголем дел од витамините и суплементите кои се користат во исхраната. Од фармацевската комора  велат дека станува збор за околу 1.500 вакви  производи.

производи кои наместо со 10 остануваат со 5 отсто ДДВ

 Урдата,

замрзнатото тесто,

 бибер

црвениот пипер,

бебешките каши,

адаптирано млеко за доенчиња,

додатоци за исхрана за опаднат имунитет,

хербалните чаеви,

наполитанките и вафлите,

растителниот кашкавал и останати одредени видови кашкавали,

лутеница

конзервирано цвекло

феферони

Властите уверуваат дека повисокото ДДВ нема да биде на товар на граѓаните, а нема  ниту да ја зголеми инфлацијата. Синдикатите пак предупредуваат дека со одлуката таа ќе порасне, а мерките  против поскапувањето нема да имаат ефект.

Според статистиката инфлацијата во септемрви е зголемена за 6.6 отсто во споредба со септември  лани. А за покривање на основните потреби во месецот ССМ  пресмета дека на едно четиричлено семејство му се потребни над 48 илјади денари. Сепак, властите очекуваат до крајот  на годинава инфлацијата да падне на околу 5 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе