Вести Македонија Топ вести

Албанската опозиција на иста линија со ставот на ЕУ – ги критикуваат измените на Кривичниот законик

Опасност за правната држава и „добредојде“ за неказнивоста. Албанската опозиција вака ги толкува измените во Кривичниот законик.

Тие денес симболично пред канцелариите на ЕУ во Скопје, се ставија на иста линија со ставовите на претставници на Унијата кои јасно ги критикуваа измените во КЗ.

Власта понуди образложение дека потребни се реформи во правосудството за да се усогласи македонското закондавство со тоа на Унијата. А, од албанската опозиција оценуваат дека ова е лош обид за да се оправдаат измените.

Тие ја прозваа ДУИ и лидерот на партијата Ахмети којшто изјави дека Брисел и Вашингтон ќе ги разберат причините. Побараа појаснување за сите изминати години додека интегративците се на власт.

„Сега кога дури и ЕУ реагира негативно на измената, тие повторно се обидуваат да манипулираат со оправдувањето „не грижете се, ЕУ и САД не ја сфатиле добро причината на измената во Кривичниот законик и не знаат истата колку е важна“. На ваков начин, никој во последните дваесет години не ги навредил ЕУ и САД повеќе од ДУИ. Каде беа тие дваесет години и која е нивната одговорност за оваа состојба на правдата во нашата држава?!“ изјави Адмирим Алити, потпретседател на Алтернатива, во името на албанската опозиција составена од повеќе политички партии.

Телма се обиде да добие одговор од ДУИ, но засега тие не излегуваат со реакција на прозивките од политичките опоненти.

Во меѓувреме, измената на Кривичниот законик и понатаму е главна тема во јавноста. Високиот дипломат на САД за Европа, Ескобар, во интервју за Радио Слободна Европа порача дека постојат повеќе нивоа на проверка на усогласеноста на законите на државата со оние на ЕУ, додека корупцијата останува најголем проблем.

Во интервју за Гласот на Америка, претседателот Пендаровски беше директно запрашан – зошто ги дозволи измените на Кривичниот законик.

„Околу измените на Кривичниот законик, јас го потпишав указот за важење затоа што самата содржина на измените не ја провоцира корупцијата. Наспроти тоа што некој вели дека тоа може да придонесе – не, не може. Текстот на законот вели дека минимално се намалуваат казните за лежење затвор. значи нема амнестија. Второ, се прошируваат основите и се олеснува процедурата за конфискација на имот“ изјави Стево Пендаровски, претседател на Република Северна Македонија.

По ставот на Стејт департментот дека корупцијата може да ги поткопа аспирациите на Македонија, Пендаровски порача дека истиот не доаѓа директно по измените на Кривичниот законик туку тоа се веќе познати ставови на меѓународната заедница.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Загинаа 11 лица во руски напад врз областа Харков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе