Вести Економија Топ вести

„Кајмакот“ го собираат трговците и откупувачите, обвинуваат сточарите

Производството на млеко во Пелагонија драматично се намалува поради ниските откупни цени, а сточарите ги продаваат кравите затоа што трошоците им се поголеми од добивката. Наспроти евтината суровина, постојано поскапуваат сирењето, кашкавалот, урдата и другите млечни производи.

Трошоците се многу големи. еден килограм кашкавал е 800 денари, а килограм сирење од 500 до 600, а нас ни го откупуваат суровото млеко 31 денар, вели Тони Петковски , сточар од Велушина.

Земјоделците уверуваат дека поскапувањето се крие во маржите на трговците и откупувачите. Велат ако за еден килограм сирење се потребни 6 литри млеко, тогаш јасно е кој го собира кајмакот.

Ваквиот дисбаланс е поради големата заработка на трговците и откупувачите. шест литри млеко по 30 денари е 180 денари, што значи сирењето во продавница треба да е максимум 350 денари, вели Петковски.

Сирењето и кашкавалот за граѓаните стануваат недостижни и ги купуваат на грамови.

Цената на сирењето катастрофа. кој купил сирење? ако купам некогаш мало од 100 грама, вели граѓанка.

Млекопреработувачите пак велат дека цените на млекото лани биле повисоки за 15 до 20 проценти, а на тврдите млечни производи од 5 до 8 проценти. Откупната цена пак, велат, е најскапа во регионот.

Од лани во овој период до сега има пад на цени, но суровото млеко не го следеше тој пад на цени, вели Златко Најдовски, директор на млекарница.

Вицепремиерот Битиќи вчера рече дека цените на млечните производи растат поради неетичко и нефер однесување на некои големи трговски ланци, а Владата прави анализи по што ќе одлучи дали ќе има ново замрзнување на цените или пак други мерки.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник

Дејан Дејан

Давкова од Чакали: Она што за нас Македонците е познато како Ѓурѓовден, турската заедница го препознава како Хидрелез

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе