Вести Македонија

Момче од Кина во посета на татковината на Проески -Песните од Тоше ми се во срце

Сонот на Ванг Сиао Чонг да ја посети Македонија, Скопје  и родното место на Тоше Проески Крушево стана реалност. За Македонија прв пат слушнал од своите пријатели Македонци кои ги има многу како што вели тој во Пекинг.  Сепак музиката на Тоше Проески е главната причина за да ја посети Македонија.

Првата песна која ја слушнав од Тоше беше „Чија си“, српската верзија. Имам слушнато многу српски песни, но таа од Тоше ми остана при срце. Си реков како може едно човек да има толку ангелски глас. Исто така и стиховите кои ме допреа, можев да го почувствувам тоа и од тој миг почнав да ги слушам песните на Тоше и тоа трае веќе седум години, вели Ванг Сиао Чонг. 

Вели дека за дијалог меѓу различните култури е најважно да ги гледате нештата со своето срце, музиката е таа која не познава граници без оглед дали го познавате јазикот на кој се изведува.

„Се уште сонувам дека сме заедно“, македонската верзија на „Игри без граници“ и „Цреша“, дефинитивно „Цреша“ и „Чија си “. Овие четири се најдобрите, ги сакам, вели момчето од Кина.

Во моментов Ванг Сиао Чонг е во Крушево каде со фановите на Тоше од цел регион го посетија гробот на Тоше на Гумење и неговата спомен куќа, се фотографираа и пред Македониумот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе