Останато Спорт

ФОТО галерија: Ацевска на чекор до пласман во полуфиналето на Еврокупот во Скопје

Викендов Скопје е домаќин на Европскиот јуниорски куп во џудо на кој настапуваат 229 натпреварувачи од 29 земји.

Меѓу учесниците се и 15 македонски репрезентативци, а на првиот ден од натпреварувањето настапија осум, а најдобриот резултат го забележа Катерина Ацевска која во категоријата преку 78 килограми преку репасажот стигна на чекор до пласман во полуфиналето.

Дел од репасажот беше и Игнат Петров, кој настапи во категоријата до 60 килограми, а преку овој сегмент од турнирот шанса да се бори за трофеј имаше и Лилјана Недановска.

На првиот ден од македонските џудисти настапија уште Сергеј Димитровски, Никола Магдески, Андреј Симоновски, Георгиј Магдески и Кристина Мантароска.

Европскиот јуниорски џудо куп се одржува салата на СЦ Јане Сандански.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе