Вести Македонија Најважни

Ковачевски: Македонија е пред вето одвнатре, против уставни измени се руски ботови и платени политичари

Уставните измени се техничка измена на Уставот, нема забелешка за амандманите, тие не задираат во ниту едно идентитетско прашање, порача премиерот Димитар Ковачевски од скопската општина Аеродром на настан по повод камен темелник на нова полициска станица.

Со тоа, како што рече, се демантираат лагите дека македонскиот народ ќе се бугаризира.

„Освен од неколку платени руски ботови и платени политичари и аналитичари, кои што мораат да го зборуваат тоа заради финансиски средства. Во тоа нема никаква суштина“, нагласи Ковачевски.

Овојпат, додаде тој, земјата не е пред вето однадвор, туку такво нешто може да дојде одвнатре.

„Ако вето за Северна Македонија за евроатлантските интеграции досега доаѓаше од надвор, денес ветото за првпат може да дојде одвнатре, од политички партии кои декларативно кажуваат дека се за интеграција, а историски имаат докажано дека се против евроатлантските интеграции. За првпат имаме политичари по 32 години независност кои велат дека европската агенда не е иста со македонската. Тоа досега го нема кажано ниту еден политичар. Тоа значи дека има некаков друг план во однос на интеграцијата на државата“, истакна премиерот кој порача дека странци не можат да завршат работа во земјава, туку само македонски политичари, без разлика од која партија доаѓаат. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе