Останато Спорт

Олимписките игри без Русија и Белорусија

Интернационалниот олимписки комитет на 26 јули, точно една година пред Летните игри во Париз ќе испрати покани за настап до 203 земји, но меѓу нив нема да бидат Русија и Белорусија.

Сепак во соопштението се потенцира дека вратата за спортистите од двете земји нема да биде целосно затворена и дека нивниот настап во Париз следната година можеби и ќе добијат покани, но шансите за такво нешто се сведени на минимум па дури и не постојат.

ИОК во март најави дека ја разгледува опцијата спортистите од Русија и Белорусија да добијат можност за настап и тоа како неутрални натпреварувачи без национални обележја.

Ваквиот предлог предизвика бурни реакции меѓу членките на ИОК, а дел од нив се заканија и со бојкот на најголемото спортско натпреварување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе