Вести Економија Топ вести

Мостот „Беласица“ закана за наредната грејна сезона?

И покрај опожарениот топловод на мостот „Беласица“, следната грејна сезона нема да се соочиме со проблеми, уверуваат од ЕСМ Дистрибуција. Откако првиот човек на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски предупреди на време да се санира мостот и оштетениот топловод, затоа што  низ него поминува топлината од Те-То за топланата „Запад“ во Тафталиџе и многу е важна за Скопје, од ЕСМ Дистрибуција за смируваат- следната грејна сезона ќе има сигурна испорака, постојат и алтернативни решенија.  

„ЕСМ Дистрибуција на топлина ќе вложи максимални напори потребната санација на топловодната мрежа на мостот да се изврши во најкраток можен рок. Во системот за централно греење со кој управува ЕСМ Дистрибуција на топлина има алтернативен активен вод на железничкиот мост кој има капацитет да врши континуирана испорака на топлинска енергија до потрошувачите“, информираат од ЕСМ.

Бислимовски, пак, предупреди ако оштетениот мост и топловодот не се санираат, следната грејна сезона ќе има проблеми, односно ќе се соочиме со поголеми трошоци за парно, за кој потенцира дека РКЕ нема намера да ги прифати и ќе си бидат на товар на топланата. 

„Не сакам да слушам изговори. Од сега кажуваме, сега сме почеток на јуни, тој топловод како знаат да си го вратат во нормала и да функционира. Ако има зголемени трошоци поради тоа што топловодот не е ставен во функција, тоа ќе биде на товар на компанијата, нема да биде на товар на граѓаните. Знаеме дека има проблеми со мостот од април, со тој топловод дека има, до почеток на грејна сезона нека си се врати во првобитна ситуација, нека се најдат други опции да мијне топловод со тој капацитет да мине, за да можеме да го искористиме бенефитот на една когенеративна постројка. Ако тој топловод не биде ставен во функција, ние во нашите калкулации при правењето на цена ќе сметаме дека работи“, изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика. 

Од Град Скопје, пак, за Телма соопштија дека се работи на експертизата за санација на овој мост.  Тој е еден  од најпрометните, а  се запали пред повеќе од едне месец и е затворен за сообраќај.  Нефункционирањето на мостот кој е еден од главните артерии во градот, е причина за сообраќајниот хаос кој се случува во изминатиот период.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе