Останато Спорт

Иван Радев победик на трката на 107 километри на „Охрид ултра треил“ маратонот

Вчера заврши петтото издание на „Охрид ултра треил“ маратонот што се одржа во Охридско-Преспанскиот регион и Националниот парк Галичица. Се одржаа четири трки, а на најтешката делница од 107 километри триумфираше Иван Радев.

Македонскиот натпреварувач успеа да ја победи конкуренцијата со време од 14 часа, 36 минути и 17 секунди. Зад него финишираше уште еден Македонец, тоа е Антонио Каранфилоски, додека трет беше Јапонецот Кеисуке Минами. Во женска конкуренција славеше уште еден наш натпреварувач, Катерина Шиповиќ и тоа пред Ивана Јовановска, а место на подиумот имаше и за Сандра Ганглоф од Франција.

На трката наречена Галичица Треил на 65 километри победи Константинос Јанополус од Грција со време од седум часа, 34 минути и 54 секунди. Втор беше Мартин Јакубис од Словачка, а трет финишираше Македонецот Алек Апостоловски. Кај жените, славеше Стефани Маурер од Швајцарија, пред Сања Најдовски и Ивана Ченериќ од Србија.

Уран Ахмети од Косово беше најдобар на трката на 40 километри, а во женска конкуренција славеше Алена Пабортсава од Црна Гора. На најкратката делница од 22 километри победници се Златко Николов во машка и Елена Ртоска во женска конкуренција.

На овогодинешното издание на „Охрид ултра треил“ маратонот учествуваа вкупно 371 натпреварувач во сите трки и конкуренции.

Сите резултати можете да ги погледнете детално ТУКА.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Шампионите ги пречекаа во Мадрид

Kristina Kuzmanovski

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Kristina Kuzmanovski

Навивачите со камења и пиротехника, полицијата со солзавец, шок-бомби и водени топови – нереди во Буенос Аирес по поразот на Аргентина во финалето на СП

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе