Вести Култура

ДЗР со неповолно мислење за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи на Агенцијата за филм

Финансирањето на проекти во филмската дејност е без јасни критериуми за спроведување на постапката за избор на филмски проекти и извршени се исплати без поткрепувачка документација во вкупен износ од околу 24 милиони денари, констатирал Државниот завод за ревизија во последниот извештај за Агенцијата за филм за 2021 година.

Со ревизијата опфатени се 15 филмски проекти и 4 филмски фестивали од национален интерес кои се финансирани од страна на Агенцијата во повеќе Годишни програми почнувајќи од 2017 година, за кои во 2021 година се исплатени средства во вкупен износ од 116 милиони денари.

При објавувањето на конкурси за филмски проекти Агенцијата не се придржува на задолжителните услови и критериуми од Законот за филмската дејност, ниту пак има донесено интерен акт-процедура со утврдени активности и чекори кои се преземаат при спроведување на постапката по конкурсот, со што е овозможено субјективно одлучување при изборот на проекти кои ќе бидат прифатени, односно одбиени, велат од државнито завод за ревизија.

Во годината предмет на ревизија, напуштена е праксата на кодирање на предметите, со што би се намалило влијанието на субјективниот фактор во процесот на одлучување.

Ревизорите нотираат дека не е пропишан начинот на утврдување на бројот и типот на филмските проекти, висината на буџетот, поточно  финансиската рамка која стручните тела треба да ја имаат предвид при изборот на соодветните проекти.

Ревизорскиот извештај во делот на Останати прашања смета дека е потребно да укаже на потребата од доуредување на Законот за филмската дејност поради недоречености во делот на регулирање на поимот истакнати поединци од областа на филмот и културата, за кои недостасувај критериуми за звања и квалификации за да бидат именувани како членови на филмскиот совет.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Правoславните христијани го одбележуваат Велики петок – најтажниот ден во годината

Дејан Дејан

Стопанска комори: Комисијата донесе непазарна и еднострана одлука

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе