Вести Свет

Протест на обвинителите, судиите и истражителите во Софија

Обвинители, истражители и судски службеници во Бугарија денеска ќе протестираат пред судовите низ државата.

Судиите спонтано се одлучија на таков чекор по обидот за атентат врз главниот бугарски обвинител Иван Гешев. Според нив нападот врз правдата и националната безбедност е без преседан по својата дрскост и размери.

Според бугарските медиуми протестот ќе почне во 11 часот по локално време.

Со протестот, вработените во Обвинителството и истрагата сакаат и да му изразат поддршка на главниот обвинител и да го покажат своето единство против обидите за нивно заплашување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сообраќајка кај мостот „Беласица“ – сообраќаен хаос и големи колони возила околу Железничка станица

Дејан Дејан

Климатските промени влијаат врз производството на храна

Дејан Дејан

Универзитетот на Мерко ќе продуцира и медицински сестри – министерот во заминување Јетон Шаќири дал зелено светло за Факултет за здравствени науки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе