Вести Македонија Најважни

Колку сум заслужил, толку испрати – пораки меѓу советник во Министерството за економија и газдата на Пулс откриваат како дискотеката добивала лиценци

Мобилниот телефон на советникот во Министерството за економија Џевахир Камбери ја откри уплатницата за која обвинителството тврди дека е еден од доказите дека е дадено мито за лиценцата со која работела дискотеката Пулс во Кочани. Газдата дејан Јованов   – Деко му уплатил на советникот 226 илјади денари во декември 22 година и му испратил фотографгија од уплатницата што беше денеска презентрана како доказ во судница. Во телефонот на Деко, камбери е мемориран како Вили Економија, а обвинителството ги објави и телефонските пораки меѓу нив, во кои меѓу другото Камбери пишува.

Телефонски пораки меѓу Дејан Јовановски и Џевахир Камбери

Колку мислиш дека сум заслужил толку испрати.

Утре ќе бидат испратени.

Во телефонот на синот на сопственикот на дискотеката, Михајло Јованв пак биле пронајдени пораките со инспектори од УЈП за кои во моментов обвинителството води истрага. Доказите за разговорите со Драган Паунов – Дацо обвинителството ги презентираше со образложение дека се поврзани со набавка на часовник како подарок, со казни, со дојави за инспекции но и со заблагодарување за завршена работа. Исто така во разговорите меѓу таткото и синот се открива дека тие имале низа дојави од инспектори, полицајци и началници со најави за рации и контроли за малолетници. Меѓу дел од дојавувачите се наоѓаа имиња на веќе обвинети полициски службеници во три одделни процеси кои се водат во судот но имаше и такви кои не се опфатени па родителите на жртвите реагираа.

„Овие комуникации отвораат сомнежи дали постоела институционална заштита и влијание врз контролите и постапките. Воедно комуникацијата меѓу таткото и синот Деко и Михаил отвораат прашање за улогата на Михаил во работењето и одлучувањето. Дополнително, јавноста за прв пат виде и имиња на лица кои имале бројни и сериозни контакти со сопственици на „Пулс“ и „Класик“, а не  се опфатени во обвинителниот акт на ОЈОГОК“,  рече Александар Наунов – родител.

Пораки беа презентирани и од телефоните на обезбедувањето . Во комуникацијата која ја имале меѓу себе, утрото после трагичниот пожар, се договараат што ќе кажат во однос на присуството на малолетници во клубот. Исто така дека ако задната врата била отворена, би се спасиле повеќе животи, но и дека пола час им требало да ја отворат со помош на маса. Во судскиот процес се обвинети 35 мина и три фирми, а во моментов постапката е во фаза за која обвинителството тврди дека ќе ја докаже врската на преставниците на институцуиите и сопственикот на дискотеката но и нивното непостапување и придонес кој довел до трагичниот епилог. Во пожарот кој се случи на 16 март лани при настап на групата ДНК загинаа 63 луѓе и повеќќе од 200 беа повредени.

Билјана Николова

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ја нарекуваат „платформа на Мицкоски“ – СДСМ „распали“ по иницијативата „12:05“ која бара промени во партијата

Sasko Dimovski

Синдикатите и директорката на УЈП седнаа на иста маса по најавениот па откажан протест

Tea Dimkovska

В среда омаж за Војкан Јовановиќ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе