Вести Економија Македонија Топ вести

Следниот месец стартува изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Автопатот од Скопје до границата со Косово треба да почне да се гради следниот месец, а да заврши за четири години.

Ќе го гради конзорциум предводен од градежната компанија Гранит од Скопје. Останува уште да се избере надзор.Првата фаза од граничниот премин Блаце до клучката Блаце од 1,5 километри е готова од претходно, а сега ќе се градат останатите 10,5 километри до клучката Стенковец.

Изградбата ќе чини околу 220 милиони евра.

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Коце Трајановски потпиша договор за грант од 30,8 милиони евра со ЕБОР преку инвестициската рамка за Западен Балкан. Уште 167 милиони евра ќе се обезбедат со кредит од ЕБОР, а останатите 20-25 милиони евра треба да ги обезбеди владата – од буџетот или од друго задолжување.

Теренот е ридско планински и е дел од масивот на Скопска Црна Гора. Ова е исклучително тежок терен за изведба. Затоа во проектот се предвидува пет тунели со по две цефки при вкупна должина на тие цефки околу пет километри. Девет мостови со должина од 2, 5 киломерти.  Четири галерии за стабилизација на косини по должина од еден километар. И девет потпорни ѕидови за стабилизација на косините, вели Трајановски.

Денешното потпишување е навистина многу повеќе од финасирање. Се работи за инвестирање во иднината на земјата во поголема регионална поврзаност и приближување на земјата во ЕУ преку конкретни проекти. Кои што ги подобруваат животите на луѓето, кажа евроамбасадорот Михалис Рокас.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожарот кај „Рампа“ го подметнале двајца скопјани

Дејан Дејан

Електронска порака од директорката на УЈП, го одложи закажаниот протест

Дејан Дејан

(Видео) Михајло го известувал Дејан за дојави на контроли од МВР и од УЈП – рочиште за „Пулс“ со докази од вештачења на телефони

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе