Дизелот се зголемува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Литар Еуродизел од полноќ ќе се продава за 82,5 денари, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 85,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе изнесува 87,5 денари.
Се зголемува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство за 2 денара и литар од полноќ ќе се продава по 81,5 денари. Цената на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,265 ден./кг. и од почноќ ќе чини 41,230 денари.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
