Поради зголемениот ризик од шумски пожари, Националниот парк Маврово од денеска воведува целосна забрана за непријавено движење во шумите, а мерката ќе важи до крајот на август. Посетителите ќе можат да се движат само со претходно одобрение и пријавени активности, со задолжителна туристичка такса од 100 денари по лице на ден. Но, се поставува прашањето – зошто ваква мерка засега воведе само НП Маврово и дали Владата треба да ја прошири забраната и во останатите национални паркови и заштитени подрачја?
Дали Владата треба да воведе забрана за движење во шумите со цел спречување на шумски пожари?
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
