Вести Македонија

Aпсурди во МЕПСО: Казнета фирма е наградена со проект за енергетско поврзување со Албанија, велат од ДУИ

„Додека државата тоне во енергетска несигурност, Телма објави дека МЕПСО минатата година ја активирал банкарската гаранција на хрватски Далековод која работеше на далноводот Скопје–Велес, а во меѓувреме на истата фирма и додели 19,3 милиони евра договор за енергетско поврзување со Албанија. Ова не е случајност, ова е апсурд!

МЕПСО и Бурим Латифи треба јавно и детално да и ги објаснат на јавноста причините за активираната гаранција на фирмата, во услови кога и е доверен многу поголем стратешки проект“, пишува во писмената реакција на ДУИ.

Од партијата посочуваат дека „поради активирањето на банкарската гаранција, постои основан страв дека хрватски Далековод може да не биде во состојба да го реализира на време и без проблеми  проектот за енергетско поврзување со Албанија“ и прашуваат каква порака се испраќа до јавноста и инвеститорите ако државниот преносен оператор ги казнува изведувачите во еден проект, а го наградува истиот сектор со нов, сомнителен договор? Дали националните интереси и енергетската стабилност се ставени на страна во корист на странски или политички бизнис-интереси?

„ДУИ веќе  предупреди: под раководство на неспособниот Бурим Латифи, МЕПСО нема да донесе реални решенија за поврзување со Албанија. Денешните наоди ја потврдуваат нашата загриженост, поврзувањето со Албанија ќе остане нереализирано бидејќи одлуките не се базираат на стручност, а не на партиски или лични интереси“, велат од партијата.

За ДУИ, посебно загрижува што новиот договор е потпишан со конзорциум со други две компании за кои постојат сериозни индиции за поврзаност со структури блиски до Милорад Додик и Александар Вучиќ, а откако МЕПСО го раскина договорот со фирмата Енергоинвест, по што оваа компанија тужи пред меѓународни судови и постои реална можност државата да плаќа милиони евра отштета за штета.

Тие ја повикуваат Државната комисија за спречување корупција, Јавното обвинителство и Министерството за енергетика итно да иницираат независна ревизија на одлуките на МЕПСО, да ги проверaт процедурите за избор на изведувач и да објават сите релевантни информации за финансиски и деловни поврзаности.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Да не го напуштаат живеалиштето, да им се одземат пасошите“ – Обвинителството бара мерки на претпазливост за тројцата тепачи на малолетно момче во Ченто

Дејан Дејан

Скандал на Мундијалот: Трамп интервенирал, Балогун ќе игра против Белгија

Sportska Redakcija

Пожарникари – доброволци на терен, без дневници и пари за опрема и возила

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе