Вести Македонија Наука и здравје

Македонија влегува во Дигитална ера со малку експерти за сајбер безбедност

Државата влезе во Дигитална ера, а проектот за дигитализација на институцииите, јавна администрација и услугите за граѓаните ќе се одвива преку 330 информатички пунктови низ целата држава каде услугите ќе се даваат по принцип на едношалтерски систем.

Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за администрација и информатичко општество Азир Алиу ги најавија дигиталните промени во општеството со најава за формирање на Aгенција за дигитализација, институција која ќе треба да ја изработи и да ја спроведува националната стратегија за сајбер безбедност.

Иако дигиталната агенција веќе требаше да функционира, поради короната и енергетската криза, не е формирана и министерот Азир Алиу очекува тоа да се направи во наредните 6 до 12 месеци.

Изминативе месеци повеќе државни институции како Фондот за здравствено осигурување, Бирото за јавни набавки и Министерствата за земјоделство и за образование беа цел на хакерски напади, а министерот очекува сјабер безбедноста да се подобри иако и во моментот има такви инфорамтички напади.

– Моментално состојбата со државните институции е како што е во цел свет. Имаме напади, но се справуваме на ниво на институции. Кога ќе имаме таков тип на институција како Агенција за дигитализација, ќе ги имаме најдобрите експерти на едно место и полесно ќе се обезбеди тој пристап до информации во кои што се лоцирани, а кои што не се информации што треба да пенетрираат во самиот процес. Таков тип на каскаден систем ќе обезбеди Агенцијата. Максимумот ќе прави од институциите да бидеме колку-толку безбедни во овој период, рече Алиу.

Тој посочи дека треба да се стремиме кон заедничко справување со проблемите со сајбер безбедноста во која ќе бидат вклучени експертите за безбедност и од приватниот и од јавниот сектор.

Алиу потврди дека во државата нема доволен број на експерти за сајбер безбедност односно нивниот број е лимитиран и оцени дека се прави максимум за да се обезбеди дигиталниот сектор на институциите.

ТикТок анестезиологот од Тетово без лиценца за работа – етичката комисија утврди повеќе прекршоци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Француската полиција застрела маж кој се обидувал да запали синагога во Руен

Дејан Дејан

Пронашле граната од Прва Светска војна и ја однеле во полициска станица

Дејан Дејан

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе