Вести Македонија Најважни

По смртта на новороденчето – директорот на битолската болница поднесува оставка заради морални причини

Директорот на Битолската болница, Александар Обединковски, ќе поднесе оставка на функцијата.

Тој за Телма потврди  дека утре ќе ја официјализира оставката  која ја поднесува од морални причини.

Обединковски, нецела година по назначувањето  се повлекува по двете големи трагедии што се случија во Клиничката болница во Битола за само 20 дена, смртта на 6 годишната Јана која почина на Детското одделение по примена инфузија и новороденчето кое почина вчера два часа по раѓањето.

Утре во Болницата ќе се спроведе вонреден инспекциски надзор за да се утврди дали е направен пропуст  при породувањето на 24 годишната битолчанка, која  според лекарски извори вчера имала тешко породување, а бебето било извлечено со вакуум, во лоша здравствена состојба, со бавни отчукувања на срцето, а обидите на лекарите за негова реанимација беа  безуспешни.

Телото е предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта.

Според извори на Телма, родилката имала уредна бременост, а се јавила на преглед и ден претходно, но без породилни болки и била испратена дома.

Сега е хоспитализирана на Гинеколошкото одделение, каде ја посети и министерот  Фатмир Меџити.

„Утре од Државен здравствен и санитарен инспекторат ќе пратиме комисија од инспектори и ќе утврдат што била причината. Како што видов од првичниот  извештај, било живо родено со брадикардија. Имало белодробно срцево оживување и понатаму се  ќе кажеме кога ќе имаме дефинитивно и резултати од институциите одговорни за здравство“ , рече министерот Меџити.

Министерот денеска не сакаше да соопшти детали за  случајот и дали има сомнеж за евентуална лекарска грешка, но рече дека доколку има пропусти ќе има и одговорност.

„Службите ќе откријат и ќе излеземе со конечен извештај. Ако има пропуст ќе има и одговорност. “ – рече Меџити.

Министерот  денес потврди дека се уште не е готов обдукциониот наод за  6 годишната Јана, кој се очекува и во Обвинителството.

Откако ќе се комплетира медицинската документација, јавен  обвинител ќе донесе одлука дали ќе се покрене обвинение за лекарска грешка.

По сите скандали во болницата која се соочува со сериозен недостиг на лекарски кадар, Меџити немаше конкретен одговор за овој проблем, но рече дека ќе се бара решение, за да не се случуваат вакви немили настани.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Пикасо можеби јас“ изложба на македонскиот керамичар Филип Фидановски во Загреб

Дејан Дејан

Посветена работа на заедничкиот регионален пазар согласни шефовите на шесте балкански земји

Дејан Дејан

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност, кон крајот на денот локална нестабилност – Временска прогноза за 18.5.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе