Вести Македонија Најважни

Вучиќ: Постигнат е некаков договор, точките што се договорени ќе станат дел од преговарачката рамка

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска бил денот кога требало да се договори план за имплементација и според него – постигнат е некаков договор.

„Овие неколку точки што ги договоривме ќе станат дел од преговарачката рамка за двете страни, и за Белград и за Приштина“, рече Вучиќ.

Клучната точка е дека Европскиот совет ќе процени колку е направено со планот за имплементација, кој најверојатно ќе биде проширен. Во планот за имплементација стои дека го забележавме фактот дека ЕУ ќе го вклучи како дел од преговарачкиот процес, рече претседателот на Србија.

Според него, од големо значење е формирањето на ЗСО да биде приоритетна обврска согласно претходните договори во рамките на дијалогот.

Вучиќ изјави дека ништо не завршило вечерва, туку дека, како што рече, допрва почнува.

Ништо не потпишав и денеска, јасно кажав кои се црвените линии, но напредок е постигнат во конструктивна атмосфера, вели Вучиќ.

Претседателот Александар Вучиќ рече дека утре ќе им ја презентира секоја точка на граѓаните на Србија и ќе објасни се што се случи во Охрид.

„Од понеделник ќе почнам да примам претставници на пратеничките групи. Ни претстои сериозна работа во месеците“, вели Вучиќ.

По речиси 12-часовни разговори денеска во Охрид заврши новата рунда дијалог меѓу Белград и Приштина, чиј фокус беше европскиот договор за Косово, како и неговиот план за имплементација. Српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти  одвоено разговараа со европските посредници предводени од шефот на европската дипломатија Жосеп Борел, а попладнето започнаа трилатерална средба, што траеше до 22 часот. Таа средба дојде по средбата во Брисел одржана на 27 февруари, кога Борел објави дека двете страни се согласиле дека не се потребни дополнителни разговори за европскиот предлог и дека тоа е рамката за нормализација на односите. Истиот ден беше објавен и текстот на договорот.

Курти: Србија бега од потпишување на договорот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Што мислат за истополовите бракови, дали црквата треба да плаќа данок и колку партиските лидери им се шефови и им „бркаат“ гласови- Пендаровски и Силјановска во Претседателската дебата на Телма

Дејан Дејан

Наместо бројки, партиите треба да презентираат политики за економски раст, сметаат економските експерти

Дејан Дејан

Велигденски креативи кои ќе ви помогнат да ја разубавите претстојната трпеза

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе