Вести Македонија Најважни

Борел: Србија и Косово се договорија за анекс за нормализирање на односите

Шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеф Борел даде изјава по денешниот маратонски дојалог меѓу Белград и Приштина во Охрид  со посредство на ЕУ. Оба беше уште еден обид да се намалат децениските тензии меѓу двата соседа.

Тој изјави дека Приштина се согласила веднаш да ги спроведе договорите со европските партнери што ќе доведат до одредена самоуправа за српската заедница.

Борел, вечерва во Охрид изјави дека по 12 часа разговори Србија и Косово постигнале договор за Анексот за имплементација на Договорот за патот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

„Конечно, по 12 часа имаме договор како да го спроведеме договорот што Србија и Косово го постигнаа на 27 февруари во Брисел“, истакна високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика.

Тој додаде дека не се работи само за Косово и Србија, туку и за мирот, безбедноста и просперитетот на целиот регион.

„Косово и Србија мора да ги нормализираат односите, нема друг начин“, додаде тој.

Тој посочи дека на средбата било разговарано како и кога ќе се имплементира веќе договореното на претходната средба.

Со цел да се имплементира членот 7 од договорот, Косово се обврза веднаш да почне преговори во рамките на дијалогот на ЕУ за воспоставување конкретни аранжмани и гаранции за да се обезбеди соодветно ниво на самоуправа за српската заедница на Косово“, рече Борел.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тажни сцени пред „Рибникар“: Родителите на убиените деца пристигнаа пред училиштето да оддадат почит на жртвите

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани од одлуката да се врати старата цена на полисите

Дејан Дејан

Советникот на Зеленски бара да се усвои одлука за враќање на воено способни мажи во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе