Вести Македонија

Хасани од „огнените“ во „Топ тема“: Ова што го правиме како група е да му укажеме на лидерот Ахмети дека партијата не оди во добра насока

Уште во септември потпишавме писмо и го испративме до претседателот на партија да се формираат органи во кои сите министри, вклучувајќи го првиот вицепремиер, да даваат отчет пред партијата, па и пред граѓаните за тоа што имаат сработено, вели Башким Хасани од т.н. „Огнена група“ во ДУИ, во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

„Тоа беше наша прва алатка со која сакавме директно и јасно да го информираме нашиот претседател дека партијата не оди во добра насока и начинот на кој владеат министрите на Демократската унија за интеграција не оди во интерес на граѓани. И тоа се докажа по формирање на тие органи на партијата, две години од првиот Конгрес, сите министри дадоа извештај за сработеното. Ние како група, направивме ревизија на тој извештај и заклучивме дека многу малку имаше сработено“, изјави Хасани.

Со вториот чекор, со прес-конференција, додава тој, го информирале лидерот на партијата Али Ахмети дека ќе продолжат и кај граѓаните и во структурите на ДУИ да информираат за она што се случува.

„Со третиот чекор, односно петицијата, даваме можност за секој граѓанин, и наш активист и структурите на ДУИ, да можат слободно да се изјаснат и тоа да биде плус алатка за информирање на нашиот претседател дека тоа што го кажуваме го мисли и мнозинството на членството. Конкретна бројка немаме“, потенцира Хасани.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе