Вести Македонија Најважни

ЕУ порача дека подобра зделка Македонија не може да добие

Без уставни измени на кои се обврза владата, нема влез во Европската Унија (ЕУ). Ова е пораката која денеска ја испрати потпретседателот на Европската комисија, Жозеп Борел. Да се оди напред, за него значи да се продолжи со реформите, но и да се создадат услови да се усвојат уставните измени.

„По договорот од јули, ова е најдобрата зделка што може да ја добиете и не е реалистично да очекувате дека ова повторно ќе се отвори и ќе биде дел од преговарањето. На таа основа, вашата иднина е во Европа и сега е време сите политички партии да си ги преземат обврските и искрено да работат на продолжување на оваа патека“, изјави Борел.

Тоа што состанокот на Советот за стабилизација и асоцијација денеска се одржа во Скопје, според Борел, е доказ дека во ЕУ се цени прогресот на Македонија. Но, потенцираше дека е многу важно да се забрзаат реформите.

Премиерот е оптимист дека до 2030 година, Македонија ќе влезе во ЕУ. И еврокомесарот за проширување рече дека е оптимист по природа, но е претпазлив со датумите и проценката.

„Кажавте 2030 година? – Тоа јас не можам да го кажам. Може да биде порано, може да биде подоцна. Сè зависи од испораката на реформите“, изјави Оливер Вархеји.

Еврокомесарот нагласи дека сржта на целиот процес е владеење на правото, непристрасно, ефикасно и независно судство, борбата против корупцијата и организираниот криминал, како  и креирање и одржување на основите на демократијата. Ова, рече, бара вклучување на различни страни, од владата и Собранието до опозицијата, факултетите, граѓанското општество, деловната заедница. Потребно е национално единство за процесот за членство да оди напред. Изјави и дека, тие,од нивна страна ќе го забрзаат темпото на преговорите, но  треба и државата да направи сличен чекор, важно е сега државата да не забави, туку да ја забрза својата работа за спроведување на реформите, кои се од интерес за нејзините граѓани.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе