Вести Македонија Најважни

Трговците го чекаат последниот ден за да стават пониски цени на млекото и тестенините, ќе се замрзнат ли и јајцата?

Трговците ги користат  последните часови  за да ги продадат своите производи  поскапо. Иако, до утре имаат рок  да ги намалат  цените на тестенините , на  млекото и на дел од млечните производи, поевтинувањето оди бавно. Сумите во маркетите речиси исти.

Вицепремиерот Битиќи  вели дека како и за се друго, така и за ова очигледно се чека последниот ден за да се направи потребната корекција.  Се надева дека утре изутрина на рафтовите во маркетите  ќе ги види овие производи  со пониски цени и дека Владата нема да има потреба да интервенира.

За жал ако они самите не ги намалат  и мора да има морал и етика и ако не го направат тоа,  тогаш владата ќе ги преземе  мерките кои треба.  Владата сама ќе ги замрзне цените тоа е најтешката одлука ние во суштина можеме да нанесе штета, но  во сите пресметки јасно кажувам дека не сме нанеле таква штета до сега. Очиглендо така сме навикнати последниот ден и за добра работа чекаме последен  ден, но наутро ќе ги видиме цените, вели Битиќи.

Замрзнувањето на цените кај мелкото и млечните производи носи ризик откупувачите да побараат од самите  производителите да ги добиваат по пониска цена.  Министерот за земјоделство Николовски  не прецизираше дали  тие како институција имаат некаков механизам да ги заштитат производителите во овој случај. Неговата обврска била преку субвенции да ги помага да ги намалат трошоците за производство.

Нашата обврска е да интервенираме, да ги намалиме трошоците кои  ги имаат земјоделците при производството на храна и да го задржиме и зголемиме домашното производство. И во тоа успеваме, вели Николовски.

При  крај се анализите за тоа дали треба да се инетервира и кај цената на јајцата, шеќерот оризот, но под лупа се ставени и овошјето и зеленчукот.

Од утре шпагетите и макароните треба да поевтинат 15 отсто, а кашкавалот, сирењето, урдата, јогуртот, млекото , киселот млеко  за 10 проценти. Ваквите цени ќе важат до крајот на мај. Претходно замрзната цена доби белиот и полубелиот леб, поради што производителите два дена не го испорачуваа. Откако им беше наложено, тие го вратија во макретите, но најавија тужба за загубите.

Дел од експертите и од ССМ сметаат дека со замрзнувањето на  цените многу се доцни, со образложение дека  во изминатиот  период тие многу поскапеа,  а намалувањето  ќе биде само  до 15 отсто.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе