Вести Македонија Најважни

Груби: Договорот со Заев важи и за Ковачевски, Македонија ќе добие премиер Албанец по предлог на Ахмети

Се договорија и ракуваа Али Ахмети и Зоран Заев, согласност даде и актуелниот премиер Димитар Ковачевски. Македонија ќе добие премиер Албанец, најави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби во синоќешното гостување на косовската телевизија „Дуќаѓини“. За тоа, Груби се повика на коалицискиот договор од 2020 година во кој се наведува дека на чело на владата во последните 100 дена ќе биде личност од албанска националност.

„Во коалицискиот договор што го постигнавме со Зоран Заев стои тој да ја напушти Владата во последните 100 дена и да биде заменет со премиер Албанец. Тоа го напишавме и потпишавме. И Заев, лично, излезе и рече дека за првпат ќе имаме премиер Албанец“, рече Груби.

Таа опција, според него, сè уште е во игра и била, како што рече, ветена и од актуелниот премиер Ковачевски.

„Ковачевски на средба пред неговиот избор, на која присуствуваше и Заев, вети дека ќе важи истиот договор што бил постигнат со Ахмети. Се ракувавме и рече дека во последните 100 дена, кој и да е, ќе ја напушти функцијата, а премиер ќе биде Албанец или Албанка. Ова е проект на Али Ахмети за уривање на табуата. Дојде време за надминување на предрасудите со изборот на албански премиер“, додаде Груби.

Тој додаде дека нема амбиции да биде премиер, бидејќи, како што нагласи, сакал да биде запаметен меѓу народот по реализација на коридорите 8 и 10Д, за патот Скопје – Блаце, како дел од релацијата Приштина – Скопје – Тирана.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе