Вести Македонија Најважни

Пендаровски со јасна порака до Софија за депортацијата на македонските Евреи: За да има помирување, треба да има извинување

Не за смирување на нечија нечиста совест, не за историскиот ревизионизам, не за рехабилитација на злосторниците и славење на виновниците.

Ова е пораката која денеска ја испрати претседателот на државата, Стево Пендаровски, со барање  Бугарија да се извини за тоа.

„Правда значи да се препознае и именува вистината и таа да биде почитувана од сите. За да има помирување, треба да има извинување за улогата на профашистичката влада во Софија во тоа време во депортацијата на македонските Евреи“, изјави Пендаровски.

Пендаровски на денот на сеќавање на погромот на македонските Евреи потсети дека никаде во Европа, морбидниот концепт наречен „конечно решение на Еврејското прашање“ не бил поефикасно спроведен отколку во тогашната окупирана Македонија.

„Соочени со овие факти, обврзани сме да ги поставиме следниве прашања: дали ние, денешните генерации имаме право да смируваме нечија нечиста совест околу холокаустот на македонските Евреи? Дали смееме да молчиме пред историскиот ревизионизам што ги рехабилитира злосторниците и ги слави виновниците? Дали треба да заборавиме со чии потписи македонските Евреи беа систематски лишувани од нивните граѓански, економски и човечки права и испратени во смрт?“, рече Пендаровски.

За обидите денес да се изврти историјата на Втората Светска војна и Холокаустот и да се глорифицираат нацистите и нивните соработници денеска говореше и претседателот на Светскиот еврејски конгрес, Ернест Херцог, според кого никој никогаш не помислил дека ќе има такви кои ќе се обидат да ги претстават извришителите на Холокаустот како нешто друго освен убијци.

„Уште попроблематично е да се види дека има луѓе во некои влади кои поддржуваат и дури спонзорираат промовирање на вакви лажни наративи… Време е да се огласи колективниот аларм бидејќи ние живееме во време кога се прават напори да се рехабиблитираат криминалците од минатото и да изврти историјата со декларирање на убијци како патриоти“, рече Херцог.

На денот на депоратациијата на макеоднските евреи во Треблинка во 1943 денска потсети и претседателот на Еврејска заедница во Македонија, Пепо Леви,

Тој прутоа притоа предупреди и дека и покрај сите страдања кои ги предизвикале, антисемитизмот и нацизмот денес се будат во различни форми во Европа, на Балканот, па и во Македонија.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе