Вести Македонија Најважни

Гаши на средба со Заев во Струмица – Алтернатива негира дека разговарале за уривање на владата на Ковачевски

Откако пред нешто повеќе од една година по тридневно преговарање во Клубот на пратениците ја договорија новата владина коалиција, вчера Зоран Заев од позиција на бивш премиер и лидер на СДСМ и Африм Гаши од позиција на нов опозиционер речиси во тајност се сретнале во Струмица. Средба ја обелодени независниот пратеник Скендер Реџепи со објавување на фотографија на фејсбук на која се гледаат Заев и Гаши седнати на маса во ресторан со прашање што бара Африм Гаши од Зоран Заев и зошто требаше да оди дури до Струмица?

Потврда за средбата прво стигна од генералниот секретар на Алетернатива, Заќирија Ибрахими, кој иако не откри што зборувале Гаши и Заев тврди дека средбата не била за уривање на владата на Димитар Ковачевски.

„Средбата во никој случај не била за уривање на Владата на Ковачевски. Владата ќе ја оставиме самата да потоне, оти и онака идната пролет ќе падне“ – вели Ибрахими.

Набрзо потоа стигна и објаснувањето од Гаши за средбата. Тој на фејсбук напиша дека е дел од неговиот мандат и должност како лидер на Алтернатива да се среќава со сите политички актери во земјава, но и обвини дека е следен од службите на СДСМ и ДУИ.

Така сум работел досега и така ќе работам и во иднина. Следствено, нема ништо посебно и мистериозно во мојата средба со поранешниот премиер Зоран Заев. Јас го разбирам интересот на медиумите за оваа средба, но мислам дека вистинското прашање не е кој, каде и зашто се среќавам, туку зошто, по чиј налог и од каков страв ме следат службите СДСМ-ДУИ?“ – прашува лидерот на Алтернатива, Африм Гаши

За средбата засега молк од поранешниот лидер на социјалдемолратите.

Заев по својата оставка во декември 2021 и предавањето на премиерското жезло на Димитар Ковачевски, речиси воопшто не се појавува во јавност, но неговите средби со актуелни политичари се уште будат голем интерес, како во јавноста, така и во политичките кругови.

Пред неколку месеци Заев ги деманатираше шпекулаците дека би можел да направи политички камбек на следните претседателски избори, како заеднички кандидат за шеф на државата на една поголема коалиција предводена од СДСМ и ДУИ.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израелска армија: Уште една теренска болница во Газа

Дејан Дејан

Северна Кореја тврди дека оваа година ќе набави нов ракетен фрлач со повеќе цевки

Дејан Дејан

Трамп демантира дека ја предложил Ники Хејли за потпретседател на претстојните избори

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе