Вести Најважни Свет

Демонстрантите во Грузија бараат оставка од проруските власти

Демонстрантите во Грузија бараат оставка од проруските власти и предвремени парламентарни избори во земјата.

Досега се исполнети нивните две претходни барања – укинување на законот за „странски агенти“ и ослободување на уапсените на протестите.

За потсетување, грузиската влада се откажа од новиот закон за „странски агенти“ откако илјадници Грузијци насилно протестираа два дена против законот, за кој велат дека мириса на руски авторитаризам.

Грузиското министерство за внатрешни работи објави дека ослободило 132 лица приведени поради учество во големите протести, а владејачката партија Грузиски сон во соопштение истакна дека безусловно го повлекува предлог-законот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе