Вести Македонија Најважни

Антикорупциска отвори предмет за тендерот за надзор на градбата на автопатот кон Блаце

Антикорупциската комисија одлучи да отвори предмет за надзорот на изградбата на автопатиштата кој преку тендер од 22 милиони евра го доби компанијата ИРД, а како подизведувачи се избрани уште три фирми за кои има контреоверзни детали. Колегиумот на ДКСК одлучил дека треба да се проверат наводите во медиумите кои открија дека фирмата „Ептиса“ имала забрана од државата за да не биде ангажирана на градежни надзори поради неетичко и непрофесионално однесување, но пред тендерот владата ја поништила таа забрана.

Вториот контроверзен момент е учеството на фирмата „Евро консалтинг“, каде основач и сопственик е Бранислав Димитријевиќ, бегалец од Ерменија поради финансиски злоупотреби при градба на патишта во оваа поранешна советска република.

Вчера и премиерот Ковачевски и вицепремиерот Груби потенцираа дека ниту го знаат, ниту Димитријевиќ веќе е дел од фирмата која ја основал.

Од веб медиумот Призма на БИРН одговорија со проверка на фактите изнесени на владината прес конференција – Димитријевиќ се уште е дел од сопственоста на Еуро консалтинг, спротивно на она што го кажа Груби, а во Ерменија за него има обвинение и распишана потерница, а не кривична пријава.

Надзорот е доделен на тендер, додека зделката за патиштата одеше преку специјален закон за да се овозможи да го гради конзорциумот Бехтел и Енка. Првично утврдената цена е 1,3 милијарди евра за 108 километри пат на делниците, од Тетово до Кичево, од Струга до Ќафасан и од Прилеп до Битола. Но Бехтел и Енка ќе работат по нов терк, планирањето ќе оди парцијално, првин ќе се бара траса, па ќе се врши експропријација на земиштето, па ќе се гради. Сите овие операции треба да завршат за најмногу 5 години.

Покрај милијарда и 300 милиони евра за патот, државата планира да даде и околу 300 милиони евра за експропријација на приватен имот на трасите кои се уште не се определени.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Вреди” по потегот на Силјановска: Не треба да се отвараат стари рани, ги разбираме емоциите, но не чекаат уставни измени на европскиот пат

Дејан Дејан

Зеленски: Жестоки борби во Харковскиот регион, целта е да се растегне и деморализира украинската одбрана

Дејан Дејан

И ЕУ со реакција на првиот претседателски потег на Силјановска: Жалење поради постапката, а Уставот и меѓудржавните договори мора да се почитуваат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе