Владата не гледа проблем во тоа што како еден од сопствениците на фирмата „Евро Консталтинг“ која ќе врши надзор на изградбата на коридорите 8 и 10 се посочува Бранислав Димитриевиќ, за кој во медиумите на големо се пишуваше дека се барал со меѓународна потерница и бил уапсен во Хрватска. Во меѓувреме, за ова лице медиумите објавија и дека е под истрага на ерменското обвинитество. Вицепремиерот Груби, пак, тврди дека не знае ниту кој е, а не знае ниту што направил. Но, јасно посочи дека целата постапка за овој проект е законска.
Ниту го знам човекот, ниту знам како се вика, ниту знам што направил. Ако направил нешто што е спротивно на законито нека постапат институциите во земјава, изјави вицепремиерот Артан Груби.
И премиерот Ковачевски со сличен став, ако за ова лице има пријава и домашните инситуции нека го истражат.
Некој некаде во некоја друга држава имал кривична пријава, ако имал нека му се поднесе и тука и нека го провери обвинителството, порача премиерот Димитар Ковачевски.
Претставникот на ИРД, пак, кој заедно со „Евро Консалтинг“ и уште две фирми ќе го вршат надзорот, уверува дека кога се потпишувал договор со „Евро- Консалтинг“, добиле информација дека Димитриевиќ повеќе не е во сопственичката структура.
Ние кога склучивме договор Еуро Консалтинг ни се поддршка и според информациите тој човек не е во сопствеништвото кога е склучен договор, велат од ИРД.
Владата денеска го потпиша договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ за изградба на четири автопатски делници во должина од 110 километри на коридорите 8 и 10 Д. Изградбата ќе чини 1,3 милијарди евра и треба да трае пет години. Но, дополнително ќе бидат потребни уште 300 милиони евра за експропријација.
За изградбата на овие автопатски делници беше донесе специјален закон, а „Бехтел и Енка“ се номинирани за стратешки партнер од државата за проектот. Надзорот ќе го врши конзорциум предводен од ИРД инжинеринг, а дел од него сè уште три фирми. Шпанската „Ептиса“ и две домашни „Евро Консалтинг“ и „Електра Солушн“. Стартот на овој историски проект како што го нарече Владата, почна со проблеми, но се сигурни дека овие зафати ќе останат врежани не само на хартија туку и во колективната меморија на нашиот надор.
Ирена Чачкова
