Вести Најважни Свет

Во Бахмут се водат улични борби, градот сѐ уште не паднал, тврдат Украинците

Украинските сили водат улични борби со платениците на Вагнер во Бахмут, а жестоки борби продолжуваат да се водат и околу градот, но Русите не го контролираат Бахмут, тврди градоначалникот Олександар Марченко во интервју за БиБиСи. Според него градот е речиси целосно разрушен по шест месечните жестоки борби, но Украинците иако од вчера опколени сѐ уште не се откажуваат од него.

Руските јуришни сили се трошат. Сега ја повикуваат украинската армија да го напушти Бахмут, за да не продолжиме да го браниме градот. Со тоа се надеваат дека ќе го заземат градот без големи загуби, но тие веќе загубија многу луѓе, катастрофата е неизбежна за групата Вагнер и руската армија, тврди украинскито командант во бахмут, курт.

Илјадници руски платеници загинаа обидувајќи се да го заземат градот, кој имаше популација од 75.000 пред војната. Украинската армија проценува дека загубите на Русите се седум пати повисоки од нивните. Во Бахмут сѐ уште има и околу 4.000 цивили кои не се евакуирале. Тие живеат во засолништа без гас, струја и вода.

Имаме проблем со храната. Хуманитарна помош добиваме само еднаш месечно. Нема струја, нема вода, нема гас, рече Наталија Ишкова. Гориме дрва, барем е топло, додаде нејзиниот сопруг Хенадиј Мазепа. Соседите ни дозволија да собираме дрва, и ги носиме дома. Што да правиме, вели ишкова

Институтот за проучување војни, американската тинк тенк огрганизација, предвидува дека Украинците подготвуваат тактичко повлекување од градот, посочувајќи дека за таа цел веќе разнеле неколку мостови во Бахмут, што навестува дека се обидуваат да го ограничат напредокот на Русите. Претседателот Зеленски на западните сојузници им порача дека на украинската армија и е потребна артилерија.

За да ја запреме Русија ни треба артилерија, тоа е она што ни е потребно, тоа е првиот проблем. Потребни ни се и артилериски системи и муниција, и многу гранати. Исто е и со авионите. Имаме недостаток на авиони и мораме да започнеме со обука на пилоти, рече зеленски.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека во последниот одобрен пакет помош за Украина се вклучени високо прецизни Химарс ракети, како и хаубици со среден дострел.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Започна церемонија на Светиот оган во црквата на Светиот гроб во Ерусалим

Дејан Дејан

Уапсени четворица државјани на Македонија на Косово поради пукање, а еден бил баран со потерница

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – Изборна хроника 04.05.2024

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе