Вести Македонија Најважни

Владата им наложи на пекарите да произведуваат евтин леб, пекарите најавија тужба и судски спор

Владата најде начин да ги принуди пекарите да ги произведуваат двата типа на леб кои се со замрзната цена од 33 денари и донесе одлука со која се наложува тие дневно да произведуваат и испорачуваат 80 отсто од количината на овие два типа на леб кои ги произведувале во декември минатата година. Пекарите пак, по консулатции со правни експерти, сметаат дека одлуката е противуставна и подготвуваат тужба против државата во која ќе бараат оштета од 4,5 милиони евра.

Со одлуката на Владата, донесена вчера попладне и трговците на мало кои продаваат леб да имаат обврска во структурата на дневната набавка на сите видови леб, да имаат најмалку 80 отсто од лебот со замрзнатата цена.

Одлуката е противуставна и прави огромни штети, пекарската индустрија е жртва на безумие а оваа одлука ќе се примени и на останатите гранки од прехранбената индустрија.

Пекарите се принудени да се прилагодат и можно е да го намалат производство на одредени видови на леб, но и на бројката на вработени за да опстане е ставот по денешниот состанок на претставниците од овој сектор.

Горан Малишиќ, претседател на групација на мелничко пекарска индустрија

Премиерот Ковачевски вели дека е разочаран од однесувањето на пекарските компании.

Утрово рафтовите во скопските маркети на кои што требаше да стои лебот од 33 денари останаа празни но тоа нема да биде сликата и утре бидејќи пекарите ќе почнат со производство за да избегнат казни.

А казните за пекарите и трговците доколку ја игнорираат владината одлука и продолжат да не ги произведуваат двата типа на леб со замрзнати цени се движат од  800 до 10 илјади евра во зависност од големината на фирмата и од 50 до 500 евра за одговорното лице во фирмата.

Казните се пропишани со Законот за трговија во членот 58 а се однесуваат на членовите 29 и 30.

Премиерот Ковачевски соопшти дека не се исклучува можноста Владата да донесе одлука за замрзнување на цените на други основни прехранбени производи.

Владата во вторникот донесе одлука со која ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари а пекарите како одговор на одлуката престанаа да ги произведуваат овие два типа на леб.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Украинците објавија снимка од апсење на руски агенти кои планирале атентат на Зеленски

Дејан Дејан

Најмалку 18 загинати лица, затворен граничeн премин, прекинат протокот на хуманитарна помош – Израел влезе во Рафа

Дејан Дејан

Жозеф Борел со јасен став за офанзивата врз Рафа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе