Едно лице загина, а пет се повредени во експлозија на бомба во Основниот суд во Подгорица. Според Срѓан Кориќ од Управата на полицијата, експлозијата се случила во 11 часот и 45 минути.
Според првите информации од полицијата, едно лице ја активирало бомбата на влезот во судот.
Се претпоставува дека се работи за самоубиство. Според информациите лицето кое ја активирало бомбата е 40 годишник Младен Булатовиќ, кој и загинал во несреќата. Во моментот на експлозијата во судот имало голем број луѓе. На терен се екипи на Брза помош, полиција и противпожарна единица.
Истрагата е во тек.
