Вести Македонија Најважни

Помеѓу институциите и грижата – случајот со бебето со туберкулоза на површина извади системски аномалии

Тивко е во Банево Трло, на левата страна на Кумановска река. Кучињата лаат, по некој автомобил или случаен минувач ја нарушува тишина.

А, тивки се и деновите во домот на семејството на Бајрам. Деветмесечниот син во болница се лекува од туберкулоза, а хоспитализирана е и неговата жена – со истата дијагноза.

Болеста на блиските од една страна, а од друга страна дискриминацијата и отфрленоста е тоа што не им дава мир на Бајрам и децата.

Тој целосно негира дека неговото бебе било запоставено и неухрането, како што првично се пишуваше во јавноста.

Заради болеста на бебето и жената на Бајрам и сомнежите дека можеби и другите деца се заразени со туберкулоза, во училиштето не ги примаат без документ како доказ дека се здрави.

За нив, Бајрам вели дека немаат никакви симптоми, но очекуваат резултати кои утре ќе мора да си ги земат од скопските здравствени установи – патувајќи со автобус, затоа што никој од надлежните институции не се погрижил ни за превоз.

„Единствена желба на таткото на децата е – тие да одат на училиште, без да бидат стигматизирани од никој.“

Социјалните служби во Куманово направиле проверки и констатирале дека нема пропусти во негата и грижата за бебето коешто е во болница.

Последните информации од Детската клиника се дека бебето е сѐ уште во критична состојба и истата не се променила откако е примено во болнички кревет.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе