Вести Најважни Свет

Триесет и шест мртви во страотна железничка несреќа во Грција

Грчките граѓани се разбудија денеска со вест за трагична железничка несреќа која се случи ред полноќ, во северниот дел од државата. Најмалку 36 луѓе ги загубија животите, а 85 се повредени во директниот судир на еден патнички и еден товарен воз. Патничкиот воз патувал од Атина кон Солун додека товарниот воз од Солун кон Лариса.

Во стравичниот судир, речиси, целосно се уништени првите два вагона во патничкиот воз, откако биле зафатени со голем пожар. Набргу по несреќатата, на местото пристигнале голем број на амбулантни возила и пожарникари кои започнале да ја пребаруваат локацијата и да трагаат по евентуално преживеани луѓе.

Со патничкиот воз патувале околу 350 луѓе, најголем дел од нив млади луѓе кои се враќале во своите студентски домови во Солун, по одморот за празникот Прочка, пренесуваат грчките медиуми. Двата воза патувале со голема брзина во моментот на несреќата, бидејќи не знаеле дека одат во директен судир еден кон друг.

Околу 20 до 25 луѓе засега се водат како исчезнати, но дел од нив можеби се луѓе кои го напуштиле местото на трагедијата и се оддалечиле. Она што никому не му е јасно во моментот е како воопшто можела да се случи трагедијата.

Грчката национална телевизија ЕРТ јави дека полицијата разговара со шефот на смена на железничката станица во Лариса, а обвинителите дополнително треба да одлучат дали тој ќе биде уапсен.

Особено тешка и траорна е ситуацијата во болниците каде од најблиските роднини на загинатите се бара да ги идентификуваат посмртните останки на своите сакани од кои дел се ужасно изгорени во трагедијата.

Во државата е прогласена и тридневна национална жалост.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанија на второто место во светот по баратели на азил до 18 години на 10.000 жители

Дејан Дејан

Врховниот судија Наќе Георгиев уапсен за вмешаност во поткуп од 10.000 евра во врска со случајот на поранешниот градоначалник на Ново Село кој беше фатен во шверц на марихуана

Дејан Дејан

Седница на Судски совет на полноќ – ќе се одлучува за имунитетот на судијата Наќе Георгиев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе