Вести Македонија Најважни

Стејт департмент: Заканата од терористички напади во Македонија е „просечно висока“

Главниот контратерористички проблем на Северна Македонија во 2021 година беа враќањата на странските борци од Сирија и Ирак, се вели во најновиот извештај на Стејт департментот за тероризмот во светот за 2021 година. Според извештајот, заканата од терористички напади во земјава е „просечно висока“ или средна.

Во Северна Македонија, како и во Србија Косово, Албанија и Грција, во 2021 година не се случиле терористички инциденти.

Враќањето на странските терористички борци во Северна Македонија, а такви активности се забалежани и во Косово, претставува проблем „со оглед на можноста овие лица да реализираат насилни екстремистички ќелии, планови за напад и да радикализираат други лица“.

Според Националниот комисија за борба со насилниот екстремизам и тероризмот, околу 143 граѓани на Северна Македонија (исклучувајќи деца) во изминативе неколку години патувале за Сирија, Ирак или во двете земји да се вклучат во терористички групи. Од нив, 133 лица се мажи, десет се жени, 38 биле убиени, 79 се вратени, петмина се верува дека останале во Сирија и двајца се во затвор во бегалски камп. Додека, пак, 16 лица, 11 мажи и пет жени, се репатрирани, а тројца биле депортирани од други земји.

Заканата од терористички напади Северна Македонија е означена на ниво „просечно висока“ или средна, во време кога членовите на ИД и симпатизери се присутни во земјата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе