Вести Македонија Најважни

Сали разрешен од министер со 65 гласа „за“, а Алити и Чупи со 64 гласа

Тројцата досегашни министри во Владата од редовите на Алтернатива се разрешени од функциите.

Од министерските позиции заминуваат досегашните министри за здравство – Беким Сали, за информатичко општество и администрација – Адмирим Алити и министерот без ресор задолжен за дијаспора – Џемаил Чупи.

Од присутни 105 пратеници, „за“ разрешување на Сали гласаа 65 пратеници, а немаше ниту еден „против“ или „воздржан“. За разрешување на Алити и Чупи, пак, имаше по 64 гласа „за“ и по еден „против“.

Седницата за разрешување и именување нови членови на Владата започна пред десет дена, на 13 февруари. На дневен ред се четири точки, а разрешувањето на тројцата министри е само првата точка. Тоа значи дека сега допрва ќе се дискутира и гласа за избор на нови владини членови, што е втора точка на дневниот ред.

Со изборот на нови министри треба да се пополнат местата на Сали и Алити, како и на поранешниот министер за правда Никола Тупанчески и за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. За разрешувањето на Тупанчески и Нуредини не се дискутираше затоа што тие сами ги поднесоа оставките како резултат на договорот за влез на Алијанса за Албанците во Владата и прераспределба на ресорите, па затоа Собранието само им ги констатираше оставките.

Новите министри кои треба да се изберат на нивно место се: Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда; Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство; Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација; и Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање.

За министерското место без ресор кое го држеше Џупи, засега не е предложен нов министер, а нема ниту најави дека ќе има предлог.

Откако ќе се изберат новите министри, пратениците ќе треба да продолжат со дебата за третата точка односно за разрешување и на тројца заменик-министри од кои двајца се кадри на Алтернатива: Абдулшуќур Абедини – за земјоделство и Лулзим Алиу – за образование и наука. Третиот е заменикот за одбрана – Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе