Вести Македонија Најважни

Интрахоспитални бактерии ја тресат прилепската болница, обвинителството истражува

Прилепската болница денеска преку соопштение потврди дека во изминатиот период имаа два случаи со интрахоспитaлна бактерија, но, од таму велат дека едниот пациент, кај кого била извршена ортопедска интервенција, ја преживеал бактеријата серација. Со смртен исход заврши случајот на 52-годишната прилепчанка кај која е изолирана стафилокока по рутински гинеколошки зафат, за разлика од обвинителството кое тврди дека оформи предмет за две лица кои починале од болнички бактерии по извршени операции.

„Првиот случај е вадење на остеосинтетски материјал, во чиј изолат е најдена бактерија Serattia, а пациентот во добра здравствена состојба и излекуван е пуштен дома. Вториот случај е пациентка која по интервенција е пуштена дома, а следниот ден се враќа со покачена телесна температура.  Во хемокултурата  е најдена Staphilococcus epidermidis. Пациентката беше пратена на лекување  на клиниките во Скопје, но  за жал случајот заврши летално“, се наведува во соопштението на Општа болница Прилеп.

Од Прилепското обвинителство за Телма, пак, велат дека предметот е отворен по допрен глас, а тие ќе ги проверуваат информациите кои се пласирани во јавноста за две починати лица од болнички бактерии. Исто така, ќе ја проверуваат информацијата за пациент кој наводно десетина дена бил лекуван со погрешена дијагноза. За да се утврди дали има кривична одговорност, обвинителството собира докази, потоа ќе се донесе јавнообвинителска одлука. Во меѓувреме, граѓаните се вознемирени и гневни за случувањата во прилепската болница.

„Не знае човек дали жив или мртов ќе излез од таму, вознемирувачки е, не знам зошто така, еве сега обвинителството истражува да видиме“, велат граѓаните.

Со одлука на  Комисјата за интрахоспитлани инфекции, во болницата одложени се  сите операции. Од Комисијата за спречување на интрахоспитални инфекции велат дека болницата е вонредно и темелно исчистена и дезинфицирана и очекуваат наскор да бидат отворени операционите сали.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕП 2024: Германија – Шкотска 3:0 на полувреме, Германците незапирливи, Шкотланѓаните продолжуваат со фудбалер помалку

Дејан Дејан

ЗНАМ ги „знае“ своите кандидати за министри и ги објави нивните имиња

Дејан Дејан

Ралпоски во „Топ тема“: Законот за организација на работата на органите на државната управа е добредојден, добивме уверувања дека ќе нема отпуштања на работници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе