Вести Македонија

Поради социјален работник кој не доаѓа да го види не може да се расчисти случајот со повреденото 12-годишно велешанче најдено со скршена вилица и со дијазепам во крвта

(фото илустрација)

За јавноста мистерија, за социјалните служби уште еден случај во низата со неизвесна детска судбина. Безмалку една недела откако 12-годишното велешанче, во бесознание, со скршена вилица и дијазепам во крвта беше пронајдено на улица, никој од надлежниот центар за социјални работи не затропал на последната адреса на малолетникот – Максилофацијалната клиника.

Од болницата информираат дека детето е веќе стабилно, повредите се санирани и секој момент може да биде пуштено од болница. Но, ги нема социјалните служби кои треба да ја преземат грижата за малолетникот. Низа прашања за загриженост, но официјален одговор на ниту едно.

Како 12-годишникот дошол до антидепресив, како ја скршил вилицата, кои се негови старатели и дали ќе им биде одземено парвото на грижа за детето?

Социјалниот работник според законот е должен да присуствува и на полициски разговор со малолетник, а поради негово непојавување полицијата не смее да стапи во контакт во повреденото 12-годишно дете кое  е во болница во Скопје. На тој начин дополнително се усложнува процесот за да се расветли мистеријата како детето настрадало.

Од велешката полиција велат дека контактирале со мајката на детето, но и дека разговор со повредениот треба да извршат нивните колеги од Полициска станица Центар во Скопје во чиј реон на дејствување се наоѓа Максилофацијалната хирургија каде што сега е хоспитализиран 12-годишниот велешанец.

Повреденото дете од Велес на ништо не се сеќава, во неговата крв имало дијазепам

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Астра Зенека призна дека нејзината вакцина против Ковид-19 може да предизвика несакани ефекти

Дејан Дејан

Тошковски: Љупчо Палевски ќе биде екстрадиран најбрзо што може

Дејан Дејан

Земјотрес од 4,3 степени утрово во Србија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе